18 Мај, 2024
0.0315

Вучиќ нема повеќе да биде претседател на Српската напредна странка

Објавено во: Балкан 29 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ повеќе нема да ја предводи владеачката Српската напредна странка (СНС), која во јуни 2020 година ќе добие целосно ново раководство, од претседател до членови на Главниот одбор.

Ова го најави самиот Вучиќ по централниот комитет на СНС кој се состана денес во Белград, а главна тема беа подготовките за претстојните парламентарни избори.Тој изјави дека нема да се кандидира за лидерската функција во партијата, изразувајќи надеж дека неговиот наследник ќе може да ја предводи партијата како што доликува.

- Да, се дискутираше за мојата позиција и ќе има големи промени во персоналот. Многумина ме убедуваа, но мојот одговор е - не, нема да се кандидирам за претседател на партијата, рече Вучиќ.

По двочасовната седница Вучиќ истакна дека партијата ќе одржи собрание 28 јуни, а тогаш ќе бидат избрани и членовите на сите партиски тела.

- Она што навистина е важно за нас е закажувањето на партиското собрание на Видовден што покажува дека имаме потреба од ажурни луѓе кои имаат енергија, ентузијазам, амбиција и кои се потребни да ги заменат оние кои сакаат да направат кланови и да бидат големи шефови“. рече Вучиќ.




Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!