ВУЧИЌ ЗА ПАЛЕЊЕТО НА НЕГОВАТА И КУКЛАТА НА ПУТИН: Да го направевме ние тоа цела Европа ќе ни беше на грбот
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2024
Србија упати протестна нота до Хрватска затоа што на карневалот во Каштела е изгорена кукла со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со куклата на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ денеска го осуди чинот и испрати протестна нота до хрватската амбасада во Белград.
„Најостро го осудувам инцидентот што се случи на 13 февруари 2024 година, за време на традиционалната карневалска поворка, во селото Каштел Стари во Република Хрватска“, рече Дачиќ.
Кажа дека палењето кукла со ликот на Вучиќ е апсолутно неприфатлив чин, што е во целосна спротивност со заеднички искажаната заложба за целосна нормализација на односите и подобрување на сеопфатната соработка меѓу двете држави.
Вучиќ ја искоментира случката.
„Го видов, ми го испратија пред да пристигнам во Ниш. Некој ќе рече дека е тажно што палите човечки кукли. Ќе бев љубоморен и завидлив да беше некој друг од Србија. Кога ни ги запалија куќите и црквите, што е кукла. Изгледа горењето е традиционално меѓу нив. Сигурен сум дека татко ми е горд што синот им е најголемиот проблем,а му ги убија татко му и дедо му. Да го направевме ние тоа цела Европа ќе ни беше на грбот“, рече Вучиќ.
Србија е една од ретките држави која не воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина. Голем број Руси бегајќи од војната се засолнија во Србија.