26 Април, 2024
0.0288

Вулин со изјавата за „српски свет“ поттикна реакции во регионот

Објавено во: Балкан 20 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Балканот го вознемири изјавата на српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин за обединување на „српскиот свет“. 

На собирот по повод 13-годишнината од Социјалистичкото движење, Вулин изјави дека задача на оваа генерација политичари е да создадат српски свет, да ги обединат Србите каде и да живеат. Понатаму тој прецизираше дека за „создавањето на српскиот свет“ потребно е Србија да биде економски успешна, добро раководена и „да има војска што ќе може да ги спаси и неа и Србите каде и да живеат“.

„Официјалната политика е дека границите на Србија се неповредливи, а Белград не се занимава со туѓи граници“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, изјави денеска дека „Српскиот свет“ е друго име за „Голема Србија“ и дека очекува српскиот претседател Александар Вучиќ да не дозволи такви изјави на српски претставници.

Изетбеговиќ оцени дека изјавите за создавање на „српскиот свет“ треба да ги освестат Бошњаците, кои, како што рече, „работат на тоа да бидат посилни, повнимателни и никогаш да не дозволат слабост што ќе поттикне агресија“.

Тој вели дека „вистината за тоа што се случи не смее да се релативизира“ и дека „маченичката крв и вистина ќе ја спасат БиХ од повеќекратни обиди за создавање„ српски светови и поделби во Босна и Херцеговина.

Најновите настапи на високи српски функционери, особено на министерот за внатрешни работи Александар Вулин, се повеќе ја изолираат Србија од регионот и ја оддалечуваат од посакуваната цел – членство во ЕУ, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права, пренесе Н1.

Организацијата смета дека вчерашното одбележување на 13-годишнината од основањето на Движењето на социјалистите (ПС) на Александар Вулин „очигледно беше еден од првите предизборни митинзи за претседателските избори следната година”.

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син