Вулкан им се заканува на луѓето, ќе има ерупции и до 50 метри
Објавено во: Свет 18 Септември, 2017
На жители на Индонезија им се заканува вулкан.
Повеќе од двојно е зголемија површината означена како небезбедна зона за приоѓање до вулканот Агунг на островот Бали. Властите го зголемија нивото од евентуална опасност, вторпат за помалку од една недела.
Индонезиската национална агенција за управување со кризи информираше дека луѓето треба да бидат на 6 километри подалеку од кратерот и 7,5 километри од вулканот кон север, југоисток и југозапад. Може да се видат ерупции високи и до 50 метри.
Агенцијата соопшти дека постои и зголемена сеизмичка активност.
Агунг последен пат еруптираше во 1963 година, при што загинаа 1.100 лица.