26 Април, 2024
0.0293

ВЖЕШТЕНА АТМОСФЕРА: Кавги за тоa кој сака да ја „кочи“ ДИК и референдумот

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, откако мнозинството денеска прифати измените на Изборниот законик да се разгледуваат по скратена постапка изјави дека ова е тажен ден за Македонија и лош ден за демократијата и интересите на граѓаните. 

„Бевме сигурни дека ќе надвладее разумот и дека ќе го повлечете ова законско решение поднесено во скандалозна постапка. Гледаме политичко неразумно однесување, авторитативно однесување. За жал кога бевте опозиција ветувавте ќе се борите против истото. ВМРО го исполни својот дел од договорот, гласавме за реформски закони. На прво место за нас беа интересите на граѓаните иако бевме критикувани. Уште еднаш ќе ве молам размислете, апелирам да надвладее разумот и државничкото однесување“ – порача Данев.

Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев рече дека денеска е жалосен ден затоа што дојдовме до ова дереџе.

„Можеби ВМРО-ДПМНЕ не сака избори затоа не сака да се избере ДИК. Не дај боже некому нешто да се случи, не можеме министер или пратеник да именуваме затоа што немаме ДИК“ – рече Тунтев.

Собранискиот претседател,  Талат Џафери, на тоа  одговори дека политичките партии презеле обврска дека нема да го блокираат процесот на избор на членови на ДИК.

„Собранието не може да биде заробеник на однесувањето на политичките партии.  Нема никаква пречка да се разгледува предлог на Владата за измени на Изборниот закони без оглед како ќе се толкува тоа. Нема процедурална пречка Собранието да се изјасни по однос на предлогот на Владата“ – рече Џафери.

Тој додаде дека според деловникот измените на Изборниот законик можат да се повлечат пред гласање, но додаде, сепак Собранието не смее да биде заробеник на политичките партии.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека нема потреба во Собранието да се дебатира и да се гласа, туку тоа може да го прави самиот собраниски спикер Талат Џафери.

Тој, исто така иронично нагласи дека и со комисиите нема потреба да заседаваат други претседатели, туку тоа може да го прави само Артан Груби.

Собранието на Република Македонија денеска со 62 гласa  – за, без ниту еден против и без воздржани, го усвои предлогот законот за измени и дополнувања во Изборниот законик.

Со него се предвидува гласањето за претседател, потпретседател и членови на ДИК да се бираат со просто (61 пратеник), наместо како досега со дво-третинско (81 пратеник) мнозинство.

Можеби ќе ве интересира

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“