19 Мај, 2024
0.0254

Walkiie – мобилна апликација што ќе им го олесни движењето на лицата со попреченост

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

На младинскиот предизвик “Генерација без граници” 2019, поддржан од Фондација на Телеком, Уницеф и Сојузот на извидници на Македонија, а имплементиран од СмартУП – Лабараторија за иновации, тимот “Нешто Нетипично” победи и  почна да ја разработува идејата за  мобилна апликација наменета за лица со попреченост и лица со типичен развој - кои ќе бидат волонтери и ќе им го олеснат на лицата со попреченост излегувањето надвор, но и да им помогнат на родителите на засегнатите страни.

Името на апликацијата ќе биде Walkiie, односно логото кажува дека двете И се поврзуваат и станува Walkme, ( оди со мене, однеси ме)

“Она што најмногу ни е потребно е да допреме до родителите и старателите на лицата со попреченост, но и сите оние млади кои би сакале да се пријават како волонтери.” – вели тимот.

За жал, лицата со попреченост многу ретко или воопшто не можат самостојно да излегуваат од своите домови или институциите во кои живеат. Тоа ја попречува нивната социјализација и реализација како личности. Она што го увудив во последните две години работејќи со нив е дека им треба само малку од нашата поддршка и помош Токму затоа сметаме дека оваа апликација ќе биде од помош за двете страни – лицата со попреченост ќе излегуваат почесто, а волонтерите ќе го искористат времето на вистинскиот начин.– Елена Божиновска (19)


Она што го научив работејќи со лицата со попреченост е дека лек за интелектуалната попреченост за сега не постои , но постоиме ние и можеме да им бидеме огромна поддршка. Од психолошки гледан аспект, поради одредените ограничувања во когнитивното функционирање и вештини, вклучително и комуникациски, социјални и вештини за самогрижа на лицата со интелектуална попреченост доведува до проблем за извршување на нивните социјални активности кои ние ги согледавме.– Ѕвезда Иванова(21)

Тешко ми е сам да се снајдам и не можам сам во автобус или низ град. Подобро ми е ако има некој со мене да ми покаже каде треба да одам и повеќе време да поминувам надвор– Лазе Димов ( лице со попреченост) (20)

Можност за поддршка и повеќе информации:

Facebook: https://www.facebook.com/walkiieapp/ (WalkiieApp)

Instagram: https://www.instagram.com/walkiie_app/ ( walkiie_app)

Email: walkiieapp@gmail.com

Web site: http://walkiie.com/


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата