ЗА 2,7 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Кина ќе ги гради највисоките кули близначки во светот
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2017
Кина ја започна изградбата на највисоките кули близначки во светот. Комплексот од две кули со висина од 133 ката или 560 метри, ќе биде изграден во престолнината на Камбоџа - Пном Пен, на брегот на реката Меконг.
Тие ќе бидат највисоките слични структури, не само во Азија, но и во светот, иако значително отстапуваат по висина на највисоката зграда во светот - Бурџ Калиф во Дубаи (828 м). Вредноста на проектот е 2,7 милијарди долари, а изградбата се очекува да трае околу 60 месеци.
Изградбата ќе ја врши компанија Wuchang Shipbuilding Industry Group Co со седиште во Вухан во конзорциум со Пекиншката Sino Great Wall International Engineering Co., а исто така и со компании Thai Boon Roong (TBR) и Sun Kian Ip Holding Co од Камбоџа .
Кулите-близначки ќе бидат искористени за хотел, трговски центар, различни канцеларии, изложбен центар, кино и ресторани, ќе има и станбен дел.
Во последните две децении Камбоџа е меѓу земјите-лидери во Азија по темпото на економски раст. Просек БДП се зголемува со 8,1% годишно. Во 2016 година по првичните податоци БДП на Камбоџа порасна за 7%.
Градежништвото во Камбоџа се развива активно благодарение на приливот на странски инвестиции. Во периодот јануари-септември 2016 година тие се во износ од 7,2 милијарди долари - два пати повеќе отколку во истиот период на 2015 година.