За аферата со пасошите покренато обвинение за 11 лица
Објавено во: Македонија 14 Април, 2021
Веќе има обвинение против 11 лица за случајот „Двојник“.
Од нив 10-мина се обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување, а еден е обвинет за поттикнување при извршувањето на истото кривично дело. Обвинетите, како службени лица, вработени на различни позиции во МВР, поттикнати од Раиф Мифтари, кој е во бегство, од средината на јуни 2017 до крајот на 2020 година, незаконски издавале пасоши. Тие употребиле идентитети на луѓе, државјани на Македонија, кои досега не побарале, и немале биометриски пасоши, а се иселени од Македонија или од раѓање живеат во странство, и кои немаат остварено влез во Македонија. Криминалците потоа имале намера со нелегалните македонски пасоши да преминат државни граници.