За еден месец се отвориле повеќе од 300.000 работни места
Објавено во: Економија 03 Февруари, 2019
Во САД минатиот месец се отвориле скоро 304.000 работни места.
Ова е најмногу за период од скоро една година, објави Министерството за труд.
Невработеноста од друга страна е зголемена на 4 отсто од 3,9 отсто во декември.
До скок на невработеноста дојде од технички причини, затоа што 175.000 државни службеници беа класифицирани како невработени поради привремената блокада на владата во Вашингтон, додаваат медиумите.
Бројот на првичните пријави за парична помош поради невработеност бил 213 илјади и се намалил на три илјади во споредба со бројот на пријавите од претходната недела, соопшти американското Министерство за труд.