04 Мај, 2024
0.0306

За едни мајка за други маќеа? ЕСМ на државните клиники им наплаќа струја по цени од берза, а на трговци по фиксна цена!

Објавено во: Економија 23 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Државните клиники се здравствени непрофитни организации и заради тоа заслужуваат фиксна цена на електричната енергија. Но на нив државниот производител им продава струја по берзански цени. Да биде уште пострашно и поскандалозно ЕСМ до пред една недела продаваше струја по фиксна цена на албанската фирма за трговија со струја...

Нема бенифицирана цена за клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ (популарно позната како државна болница н.з.) иако Владата најавуваше дека ќе има фиксна цена на струјата за целото јавно здравство.

ЕСМ продажба, фирмата – ќерка на државниот производител ЕСМ склучи договор за продажба на струја за 8 државни клиники и институти (кои се дел од комплексот државни болници) по берзански цени на кои ќе наплати плус 5% трговска маржа.

Договорот меѓу двете страни е достапен на веб страницата на Бирото за јавни набавки и е достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/dc5b88e1-bab4-4e03-a369-a8ccc61c8aef

Вредноста на договорот е 2,6 милиони евра со вклучен ДДВ и станува збор за рамковна спогодба која важи најмногу една година, а може да заврши и порано доколку бидат потрошени сите предвидени пари.

Свежи се сеќавањата дека Владата на средината на декември односно пред еден месец побара пренамена во централниот буџет со која беа исплатени над 7 милиони евра стари долгови на овие болници за струја кон ЕВН.

По кои критеруми се води менаџментот на ЕСМ кога утврдува кому ќе продава струја по берзанска цена, а кому по фиксна цена?

Ова е прашање што си го поставува целата стручна јавност по последниот договор со кој ЕСМ продава струја на државните клиники по цени од унгарската берза ХУПЕКС. Иако државните клиники се здравствени непрофитни организации!

Особено затоа што пред само 12 дена ЕСМ објави дека продава струја на фирма за трговија со струја и тоа по фиксна цена! Фактите се достапни на овој линк https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/Rezultati-12.01-17.01.2023.pdf

Тогаш ЕСМ одговарајќи на новинарско прашање зошто фиксна, а не берзанска цена за трговец купувач одговори дека цените на берзата ХУПЕКС за нив биле само од информативен карактер и не се обврзувачки.

Истовремено со тоа на тендерот на државните клиники истиот ЕСМ преку неговата фирма ЕСМ Продажба нуди струја по цени од „информативната“ берза ХУПЕКС зголемени за трговска маржа од 5%.

Очигледно дека во овој случај бенефиците и фиксните цени останаа само мртво слово на хартија.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?