Добивај вести на Viber
Градот Скопје ќе одвои од Буџетот над еден милион и триста илјади евра за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје фонтана на Плоштад ВМРО. Во образложението на Предлог одлуката на Град Скопје дека спомен обележјето е планирано да се изгради за една година од моментот на стапување на сила на одлуката. За оваа Предлог одлука советниците на Град Скопје ќе расправаат на закажаната седница на Совтот на Град Скопје следната недела.
- Со оваа одлука, Советот на Град Скопје ја утврдува потребата за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје фонтана на Плоштад ВМРО - рељефно обликување на фонтаната со настани, личности и симболи од историјата на Македонија заради одбележување и оддавање почит како трајно ликовно одбележување за времето на македонското револуционерно движење. Спомен обележјето е рељефно дело изработено во мермер. Со Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје се утврдуваат истакнатите личности кои ќе се одбележат со подигање на спомен-обележје. Дефинирањето на столбот на фонтаната на плоштад ВМРО, ќе претставува комбинација од најклучните моменти и настани од историјата на Внатрешната Македонска револуционерна организација. Со историската веродојност и естетски презенетираниот израз композицијата на фонтаната-столбот треба да остава впечаток кај секој посетител на плоштадот.На врвот на столбот може да се постави декоративен елемент – фигура, се наведува во образложенитео на Град Скопје.
Од Градот посочуваат дека за спроведување на целата постапка за подигање на спомен-обележјето ќе се грижи и одговорно тело е Одборот за подигање на спомен-обележјето. Претседател на Одброт е Бранислав Саркањац, а членови се Љупчо Трпевски и Марјан Додовски.
Ј.С