ЗА ГОДИШНИНАТА ОД ДОБРОСОСЕДСТВОТО СО КОСОВО: Османи ќе сади дрвја
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2022 08:40
Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја денеска во паркот во Чаир ќе засадат 13 дрвја, по повод 13-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово.
Засадувањето на дрвјата, како што велат од Министерството за надворешни работи, е симболично одбележување на одличните добрососедски односи, традиционалното пријателство и тесната врска меѓу граѓаните на двете држави.
Настанот, информираат од МНР, се организира на иницијатива на Амбасадата на Република Косово.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




