За инцидентот во затворот Шутка ќе има истрага
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2019
Ќе има истрага за инцидентот во затворот Шутка, и доколку има пропусти ќе има и санкции.
„Постојат видео камери, надзор од овластени лица кои вршат мониторинг на тој простор и се прибавуваат изјавите. Во тоа шеталиште не биле само двете лица, туку и други лица кои се сместени во тие соби. Лицата кои се во тие соби не се ниту за исти дела, се водат различни постапки. Да почекаме да видиме што ќе покаже истрагата. Не сакам да прејудицирам сега како ќе биде“, изјави директорот на затворот, Ѓоко Котевски.
Котевски ги отфрли наводите дека едното лице притрчувало или му помагало на другото лице.
За екс министерот Миле Јанакиески изјави дека нема повреди, туку полесни нагмечувања.
Во затворот денеска нападнат бил и поранешниот министер, Спиро Ристовски.