ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор
Објавено во: Македонија 25 Април, 2025 17:14
Кривичниот суд определи мерки за 23 лица во истрагата за туѓа нега и за инвалидска пензија.
Девет лица завршија во ефективен притвор, а 5 во куќен притвор во истрагата за злоупотреби при одобрување на додатоци за туѓа нега и за инвалидска пензија.
„Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица, од кои 23 беа спроведени во судот, а едно лице сè уште не е достапно за органите на спровод, донесоа решенија за мерките: на 9 лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена, на 5 лица им определи мерка куќен притвор, а на 9 лица им определи мерки на претпазливост, односно, обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова. Лицата се осомничени за повеќе кривични дела, поврзано со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење“, соопшти Кривичниот суд.
Против овие решенија странките имаат право на жалба.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчeра информираше дека се извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Велес, Тетово и во Гостивар, а во акцијата се уапсени 23 лица. Јавниот обвинител нареди истрага против 49 лица. Според соопштението од Обвинителството, упасените 23 лица се дел од злосторничкото здружение кое со лажни наоди обезбедувале документација за добивање туѓа нега и инвалидска пензија. Се работи за лекари специјалисти од разни болници и за социјални работници. Останатите осомничени се три матични лекари за злоупотреба на овластувањата, како и лицата кои им нуделе и им давале поткуп на осомничените лекари.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




