За кои два закони ќе одлучуваат утре пратениците?
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016
На пленарна седница на Собранието, утре во 11 часот, пратениците ќе расправаат за измените на Законот за Специјално јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци.
Ова денеска го договориле координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Пратеничката група на СДСМ и на здружената опозиција во петокот до Собранието достави барање за свикување итна седница, на која на дневен ред ќе бидат предлог-закон за измена и за дополнување на Законот за заштита на сведоци и предлог-закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Опозицијата ги повика сите парламентарни политички партии да се приклучат и да дадат поддршка на оваа иницијатива и сите пртеници поединечно да дадат лична поддршка за донесување на овие закони.
Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија најавија дека нема да прифатат разгледување на какво било барање и предлог што потекнуваат од СЈО.
Овие два закони се многу важни за непречено работење на СЈО.