За колку се зголемил бројот на туристички ноќевања во Македонија?
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016
Во Македонија во перидот од јануари до јуни годинава имало 688.000 туристички ноќевања, од кои 542.000 биле во хотел и слично сместување, покажуваат податоците објавени од статистичката служба на ЕУ, Еуростат. Споредбено со истиот период од минатата година, во земјава имало пораст од 50.000 ноќевања.
Во јуни 2016 во споредба со истиот месец минатата година, 3,7 милиони повеќе ноќевања биле поминати од туристи во Европската унија. Ова зголемување се однесува на жители на земјата кои поминале 1,3 милиони повеќе ноќевања, како и на туристи од надвор, кои поминале 2,4 милиони повеќе ноќевања. Најголемо зголемување на бројот на ноќевања во хотели имало во Бугарија (+24%). Освен кај источниот сосед, се забележува дека има пораст во туристичките ноќевања во Кипар и во Полска.
Во периодот од шест месеци од јануари до јуни 2016 година, било забележано зголемување од +2,9% во бројот на ноќевања во туристичко сместување, споредено со една година претходно. Овој раст се должи главно на хотелите каде имало 27,7 милиони повеќе ноќевања, споредено со 2015 година.
Минатата година, туристичкиот сектор за сместување во ЕУ продолжил да се опоравува, откако во 2010 година започна двегодишно намалување. Порастот на ноќевања од туристи кои доаѓаат надвор од ЕУ се зголемил во сите земји-членки за кои Еуростат има податоци, со исклучок на Бугарија, Естонија, Кипар, Литванија и Латвија.