„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

Објавено во: Економија 15 Мај, 2024 14:51
Каде Македонија го изгуби својот пат, колку копнежот по развој не однесе во погрешна насока. Како се финансираат предизборните кампањи, но и кои се идните чекори кои треба да ги преземе земјата за пронаоѓање на вистинскиот пат, во кој ќе најдеме трајно решение.
Ова се само мал дел од сегментите за кои се дискутира во најновиот подкаст на Фактор, „Бизнис муабети“. На жешкото столче карши колегата Мишко Иванов седи човекот кој сите го препознаваат како „татко“ на сите бизнисмени.
Добро познатиот претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, по неодамнешната животна битка, повторно се посвети на работните активности, како и претходно.
Во поткастот кој целосно ќе се емитува во петок, заедно со Иванов, Азески дискутира на броји теми. Денес откриваме дел од разговорот, но многу повеќе ќе видите во петок.
На прашањето на колегата Иванов, што правиме како нација, каде се изгубивме, Азеска има краток и јасен став.
- Сакавме да избришеме се, и мислам дека се избришавме самите – одговори Азески.
Меѓу другото Азески укажува на кој начин би можела нашата земја да се развива во иднина.
- За Македонија, најдобро решение е да се преземе германскиот случај, во кој ќе се направи заедничка влада на сите партии, во кои ќе се подделат одговорностите и правата, без да се заборават сите аномалии кои биле во претходниот период и кои треба да бидат санкционирани – вели Азески.
Во свој препознатлив стил Азески со конкретни одговори на сите прашања. Токму на едно провокативно прашање од Иванов, за финансирањето на кампањата на партиите, „од каде тие пари“, Азески без влакно на јазик вели „од нафтата“. Слушнете се.
Можеби ќе ве интересира
Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку – Силјановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

СТАНБЕНА КРИЗА ВО ЕВРОПА: Речиси 900.000 луѓе се без дом

АМЕРИКАНЦИТЕ ОЧЕКУВААТ ПОСКАПУВАЊЕ НА НАМИРНИЦИТЕ: Колку се задоволни од работата на Трамп?

„РОДИ МЕ МАЈКО МАЖ И ЌЕ МЕ СТАВАТ ЗА ДИРЕКТОР“ - посилниот пол доминира во управите на најмоќните македонски компании, а „женските“ фирми имаат повеќе успех

„АКО ЕУ НЕ ЈА УКИНЕ ТАРИФАТА ЗА ВИСКИТО, ЌЕ СЛЕДИ ЦАРИНА ОД 200 ОТСТО ЗА ВИНОТO“: Продолжува царинската војна меѓу САД и Европа

JK Travel по втор пат прогласена за најдобра е-продавница за туристички услуги

РАСПРОДАЖБА СО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ДО 70 ОТСТО ВО ПОЗНАТ СПОРТСКИ БРЕНД: Компанијата затвора од 1. април по една деценија постоење
ИНВЕСТИТОР ОД АБУ ДАБИ ЌЕ ИНВЕСТИРА 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО КРИПТО БЕРЗАТА БАЈНЕНС: Ова е најголемата поединечна инвестиција во крипто компанија
