20 Декември, 2025
0.1059

За нови хотели на Стара Планина „Falkensteiner“ инвестира 30 милиони евра

Објавено во: Балкан 25 Август, 2013 10:33

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии на Србија и Јавното претпријатие за развој на планинскиот туризам - Стара Планина, потпишаа Меморандум за разбирање со групацијата „Falkensteiner“ , пренесе порталот Б92. Со ова е најавена уште една од странските директни инвестиции во Србија, во вредност од 30 милиони евра ко ќе се инвестираат за продолжување на изградбата на туристички центар во Стара Планина. „Falkensteiner“ има синџир на повеќе од 30 хотели во шест европски земји, но и планови во наредните шест години во Стара Планина да изгради шест хотели од апартмански тип, со 350 единици и вкупно 1.000 легла. Планираната вкупна површина на на објектот е околу 35.000 квадратни метри. Инаку, австриската компанија веќе е присутна на Стара Планина како управител на „Falkensteiner Hotel- Стара Планина“, изграден во 2010 година во Србија, а сопственик е и на „Falkensteiner Hotel- Белград“, во чија изградба има инвестирано 45 милиони евра. Парите ќе бидат обезбедени од страна на странски инвеститор, и на Република Србија преку ЈП Стара Планина обезбеди земјиште, инфраструктура и сите потребни дозволи.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација