ЗА ПАРИТЕ: Во 30-тите треба да престанете да се залажувате со овие работи
Објавено во: Економија 08 Април, 2017
Секогаш ќе правите грешки со парите, но до 30-тите години некои навики треба да ги надминете.
Навиките за непромислено трошење од 20-тите години, во 30-тите години треба да ги заборавите.
До оваа возраст никој не треба да работи на место кое му создава стрес.
Некогаш мора да кажете „не“ и да дадете отказ.
„Неколку месеци сум на нова работа, задоволна сум, а мојот живот е побогат“ - вели една жена.
„На оваа работа заработувам 30% помалку, но тоа не го доживувам како жртва“ - раскажува друга работничка.
Проверете си ја сметката во банка иако се плашите од цифрите.
Ако сте без пари, треба да имате во план кога таа состојба ќе се смени.
Бидете одговорни со враќање на кредит.
Немојте да се споредувате со вашите пријатели кои ќе купуваат убави куќи, автомобили туку дадете максимум од себе.