Добивај вести на Viber
Двата македонски аеродроми, „Александар Велики“ - Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, од почетокот на годинава забележале раст на бројот на патници за 18,5% во однос на лани.
Во првите шест месеци од 2014 година, низ двата аеродроми поминале 559.779 патници, додека во истиот период лани - 472.536.
Од „ТАВ Македонија“, фирмата која управува со аеродромите, се задоволни. Велат дека во европските земји, порастот на патници на годишно ниво е меѓу пет и шест проценти, додека во Македонија - тројно повисок.
„Најмногу во овој период на годината се леташе до Истанбул, Цирих, Виена, Лондон и Малме. „Визер“ отвори своја база на скопскиот аеродром и со два авиона почна да лета до нови дестинации како Париз, Франкфурт, Брисел и Келн. Исто така, „Алиталија“ потворно ја отвори директната линија од Рим до Скопје“, вели генералниот менаџер на „ТАВ Македонија“ Зоран Крстевски.