За што Бил Гејтс ќе донира 12 милиони долари?
Објавено во: Финансии 29 Април, 2018
Основачот на „Мајкрософт“ кој воедно спаѓа меѓу најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс ќе донира 12 милиони долари за развој на универзална вакцина против грип.
„Заедно со „Page family“ го започнавме проектот вреден 12 милиони долари, голем предизвик за забрзување на развојот на универзална вакцина против грип. Целта е да се поттикне храброто размислување на најдобрите научници во светот во сите дисциплини, вклучувајќи ги и новите области“- вели Гејтс.
Тој најави создавање на истражувачки фонд на годишниот состанок на Медицинската асоцијација во Масачусетс.