ЗА СПАС НА ТУРИЗМОТ: Турција продава 1300 хотели поради одливот на туристи
Објавено во: Балкан, Економија 01 Февруари, 2016 16:36
Околу 1.300 хотели од медитеранскиот и егејскиот дел на Турција се ставени на продажба, откако грижите за безбедноста на гостите предизвикаа пад на туристичката индустрија на земјата.
Во голема мера секторот е погоден од влошените односи меѓу Турција и Русија по соборениот руски авион во ноември 2015 година.
По инцидентот Москва запре со продажба патувања на Руси до турските летувалишта.
Секоја година од Русија кон Турција патуваа околу 4 милиони туристи, кои се вторите најбројни гости во оваа балканска земја по Германците.
Според турските медиуми во реонот на Егејското Море, каде што се наоѓаат едни од најпопуларните турски одморалишта на продажба се пуштени 908 хотели. Нивната вкупна вредност е 3 милијарди долари.
Во Анталија, која пречекува најголем број туристи секоја година, се продаваат 140 хотели. Од нив 120 се со пет ѕвездички.
Оваа година се очекува и протокот на германски туристи да се намали поради влошувањето на безбедноста. На 12 јануари во терористички напад во Истанбул загинаа 11 државјани на Германија.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




