„За заедничка Македонија“ 36-ти ден протестира, овој пат пред канцеларијата на ЕУ
Објавено во: Македонија 03 Април, 2017 17:43
Иницијативата „За заедничка Македонија“ по 36-ти пат излезе на протест во Скопје.
Поддржувачите на оваа иницијатива ќе протестираат пред канцеларијата на Европската унија.
На денешниот протест се придружија и фолклорните друштва, гајдаџиите, зурлите, тапаните како и самите играорци.
„По 36 пат откако излеговме на улиците за да го бараме она што ни следува. Веќе започна шестта недела, 36-ти ден денеска одиме со малку изменета маршута, само по левата лента на булеварот Климент Охридски и застануваме пред канцеларијата на Европската унија“ - изјави Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.
Учесниците на протестот бараат Европската Унија да ја отфрли платформата од Тирана која задира во унитарниот карактер на државата и со која се предвидува двојазичност.
Воедно бараат да не се дозволи на чело на Собранието да застане човек кој нема да ја отфрли платформата.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор




