„За заедничка Македонија“ бараат попис и нови избори
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017 19:32
Голем број граѓани попладнево повторно излегоа на протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Организирање нови избори и спроведување попис побараа учесниците.
Ова е 37-ми ден по ред како граѓани протестираат во Скопје и други градови во Македонија, за отфрлање на Тиранска платформа. За оваа платформа велат дека води кон воведување на двојазичност и федерализација на државата.
„Нашето излегување на улица значи дека сè уште нема Тиранска влада. Нема ниту претседател на Собраниeто кој не се откажал од тиранската платформа. Во Македонија ќе има влада која ќе работи по програма гласана на избори. Ако сака да работи по платформа која ја нема во програмата, тогаш треба да се оди на избори“- вели Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.
Тој рече дека нема да дозволат на никој да направи промена на државното знаме кое се истакнува на сите празници.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




