ЗА ЗАЕМОТ ОД БРИТАНИЈА: Мицкоски кажа колкава ќе биде вкупната каматна стапка
Објавено во: Економија 28 Мај, 2025 16:17
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти.
Рече дека го користиме кредитниот рејтинг на Обединетот Кралство што е трипати А, најдоброто што во овој момент може да го добиеме како земја на пазарот.
Додаде дека финансиските услови уште не се целосно договорени. За тоа понатаму ќе соопштат детали.
„Во делот на финансиските аранжмани ние имаме преговори со финансиски институции од таа земја и имаме од прилика стурктура колку би била каматната стапка за тој еден заем и би кажал дека е подоле од долната маргина што ја кажавте“, изјави Мицкоски.
Но, како што нагласи Мицкоски, нема да одат на директно потпишување договор со таа финансиска институција, туку Министерството за финансии откако ќе добие барање за проект ќе излезе на меѓународен пазар и ќе има конкурентен дијалог со 18-20 потенцијални кредито даватели, меѓу кои и европските банки.
Општо познато е дека со овој договор се најавуваат големи инфраструктруни зафати во нашата земја, но, со него се појавија и бројни шпекулации, поради што интересот во јавноста е голем.Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




