03 Јули, 2024
0.0256

За значаен придонес во академското образование- плакета од УКИМ за Груевски

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Никола Груевски и ректорот на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, Кина, Зонгуи Жанг денеска добија плакети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, за како што беше посочено,  значајни остварувања и придонес во високообразовна научна и културна дејност и афирмација на УКИМ во земјата и во странство. Плакетите им ги врачи ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, а по повод отворањето на кинескиот Институт „Конфуциј“ во рамки на Универзитетот за кој две години се водеа преговори меѓу кинескиот и македонскиот универзитет. Груевски го честиташе основањето на Институтот и нагласи дека токму образованието и е значаен сегмент кој може да придонесе за јакнење на меѓусебните односи. „Денес имам огромно задоволство да присуствувам на формирањето на Институтот „Конфуциј“ во Македонија чија цел е промоција и поддршка на изучувањето на кинескиот јазик и култура, воспоставување на наставата на кинески јазик во образовните институции. Денешниот настан е пример како сите ние можеме да дадеме придонес да се постави и зацврсти насоката на движење и развој на нашето образование, а со тоа и на Република Македонија“, изјави премиерот. На институтот „Конфуциј“ ќе се изучува кинескиот јазик и култура и воспоставување на наставата на кинески јазик во образовните институции. На свеченото отворање на Институтот присутен беше и Ѓорге Иванов, македонскиот претседател. „Овој институт е уште еден показател за одличните пријателски меѓу двете земји. Во рамките на соработката ќе има заеднички научно-истражувачки проекти, размена на професори, организирање на научни конференции, соработка и размена на публикации и универзитетски изданија“, истакна Иванов.

Можеби ќе ве интересира

За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи

За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи

СУПЕР ВЛТ ВЕСТИ: С.Ќ. ОД ТЕТОВО ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.780.137 ДЕНАРИ

СУПЕР ВЛТ ВЕСТИ: С.Ќ. ОД ТЕТОВО ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 6.780.137 ДЕНАРИ

ТООП проценти 6,6 отсто - Халкбанк со промотивен период за аплицирање за Visa Vita или Mastercard Credit Contactless картичките

ТООП проценти 6,6 отсто - Халкбанк со промотивен период за аплицирање за Visa Vita или Mastercard Credit Contactless картичките

Никола купи стан од Голден Арт – и доби уште еден гратис!

Никола купи стан од Голден Арт – и доби уште еден гратис!

Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок во заштитата на животната средина

Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок во заштитата на животната средина

ШПАРКАСЕ БАНКА И VISA СО НОВА НАГРАДНА ИГРА ЗА МЛАДИ! Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам!

ШПАРКАСЕ БАНКА И VISA СО НОВА НАГРАДНА ИГРА ЗА МЛАДИ! Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам!

Планирате да останете надвор? Gorenje има совршено решение за подготовка на скара каде и да посакате

Планирате да останете надвор? Gorenje има совршено решение за подготовка на скара каде и да посакате

Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите

Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите

ТАВ МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК КОИ ЖИВЕАТ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

ТАВ МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК КОИ ЖИВЕАТ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН