22 Јуни, 2025
0.0401

ЗАБРАНА ЗА УВОЗ НА МЕСО ОД БРАЗИЛ И АЛБАНИЈА - директорот на АХВ најавува засилени контроли, веќе е откриен шверц

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2025 13:10

Добивај вести на Viber

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди денеска директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов. Решението, како што истакна, е веќе во сила.

Миланов потсети и дека пред пет дена, за спречување на можноста од ширење чума кај малите преживари (PPR), АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари од Албанија каде, во областа Дебар, место Кастриот, на фарма со 200 кози имаше појава на ново жариште на болеста по пријавата на првиот случај во областа Скадар.

Досега, информира директорот, во рамки на контролите што АХВ ги спроведува со полицијата, откриен е и шверц на живи животни.

- Пред пет дена донесовме Решение за забрана за увоз од Албанија поради чума кај малите преживари. Алармирани се полицијата, армијата, сите ветеринарни друштва и официјалните ветеринари кои мора да бидат да бидат претпазлииви. Минатата година болеста ја имаше во Грција, за еден ден беа уништени околу 16.000 грла, но ние успеавме да не дозволиме да се појави кај нас - потенцира директорот.

Одговорајќи на новинарски прашања пред трибината за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната, Миланов напомена дека АХВ се доекипира со инспектори.

- Во моментов имаме 186 инспектори. Во АХВ веќе завршија дел од огласите, но ќе имаме уште огласи до крајот на годината додека. Зацртан ни е бројот од уште 50-на инспектори - информира Миланов.

Во однос на храната што ја консумираме, тој уште еднаш нагласи дека е безбедна и најави засилени контроли поради летниот период, особено во туристичките места.

- Никаде во светот и никој не може да гарантира дека јадеме безбедна храна. Граѓаните јадат безбедна храна, сега со зголемување на температурите зголемен е и бројот на туристи и на транзит, а Агенцијата покрај редовните, врши и вонредни надзори. Периодов акцент ќе биде ставен на туристичките места како Струга, Охрид, Преспа, Дојран,... - рече Миланов.  

Во врска со поминатиот рок на производите, дополни, одговорност имаат, пред се, операторите со храна кои мора да ги почитуваат законските и подзаконските акти.

- АХВ по дојава на граѓани, по редовни и вонредни контроли казнува и ја уништува храната со поминат рок, но операторите се должни таа роба заедно со официјален инспектор да ја однесат на соодветните депонии - истакна директорот на АХВ.

Можеби ќе ве интересира

ДАНЕЛА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ПОЛНИ ФЕЉТОНОТ, ОВОЈ ПАТ ОТИДЕ ВО ЧАИРЧАНКА, ПОКАЖА ЗГРАДА ОД 12 КАТА ЦЕЛОСНО ИЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНА: „Копаат булевар за на диво да се приклучат“

ДАНЕЛА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ПОЛНИ ФЕЉТОНОТ, ОВОЈ ПАТ ОТИДЕ ВО ЧАИРЧАНКА, ПОКАЖА ЗГРАДА ОД 12 КАТА ЦЕЛОСНО ИЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНА: „Копаат булевар за на диво да се приклучат“

„ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА ПРИФАЌАЊЕ НА СЕ ШТО ЌЕ НИ СЕ СЕРВИРА НА МАСА“: Мицкоски вели успеале да го амортизираат ударот што некој сакал да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик

„ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА ПРИФАЌАЊЕ НА СЕ ШТО ЌЕ НИ СЕ СЕРВИРА НА МАСА“: Мицкоски вели успеале да го амортизираат ударот што некој сакал да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик

ВАЖНО ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУЛС ВО КОЧАНИ: Утре доаѓа експерт по пластична хирургија

ВАЖНО ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПУЛС ВО КОЧАНИ: Утре доаѓа експерт по пластична хирургија

„СЕКОЈ ПОЧЕТОК Е ТЕЖОК, ОДНОВО ПОСТАВУВАШ ТЕМЕЛИ“: Мицкоски сублимираше што сработиле за една година

„СЕКОЈ ПОЧЕТОК Е ТЕЖОК, ОДНОВО ПОСТАВУВАШ ТЕМЕЛИ“: Мицкоски сублимираше што сработиле за една година

ЕМ ИЛЕГАЛНО ВЛЕГОЛ, ЕМ НЕЗАКОНСКИ ЛОВЕЛ РИБА: Уапсен албански државјанин, бил фатен во Охридското езеро

ЕМ ИЛЕГАЛНО ВЛЕГОЛ, ЕМ НЕЗАКОНСКИ ЛОВЕЛ РИБА: Уапсен албански државјанин, бил фатен во Охридското езеро

ВРЕДИ ВЕЛИ АЛБАНЦИТЕ СЕГА СЕ ЈАДРО ВО ДРЖАВАТА, АДЕМИ СО КОНТРАНАПАД: „Најболно е што Албанци се потпишани на законот за правична застапеност!“

ВРЕДИ ВЕЛИ АЛБАНЦИТЕ СЕГА СЕ ЈАДРО ВО ДРЖАВАТА, АДЕМИ СО КОНТРАНАПАД: „Најболно е што Албанци се потпишани на законот за правична застапеност!“

Го загуби животот во пожарот во Кочани, но неговиот сон живее: Car show во чест на Ице Андонов

Го загуби животот во пожарот во Кочани, но неговиот сон живее: Car show во чест на Ице Андонов

„Support Kocani“ обезбеди 4.070 силиконски лепенки за повредените во „Пулс“

„Support Kocani“ обезбеди 4.070 силиконски лепенки за повредените во „Пулс“

ДАЛИ НАЈДОА РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕТО НА КЛИНИЧКИ? Дел од вработените ќе паркираат на дел од простор на „Лимак“

ДАЛИ НАЈДОА РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕТО НА КЛИНИЧКИ? Дел од вработените ќе паркираат на дел од простор на „Лимак“