18 Март, 2025
0.0296

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ЗАЕДНИЧКИ ЧАС ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ - Студентите од УКИМ со солзи во очите палеа свеќи за загинатите лица од Кочани

Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 14:28

Добивај вести на Viber

Страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој однесе 59 животи на млади лица, од кои дел и малолетници ја расплака цела земја. 

Во чест на оние чии животи прерано згаснаа, во страшна несреќа, која не требаше да се случи, денеска студентите се собраа на платото на УКИМ, каде беше одржан Заеднички час на студенти и професори во спомен на жртвите во пожарот во Кочани. 

Во прилог ви пренесуваме фотографии од нашиот Вангел Тануровски.

Собирот беше организиран од студентската организација на Скопскиот универзитет. Настанот закажан за точно напладне  беше одложен половина час поради силен дожд, а потоа почна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти со кој беше исполнет кампусот на УКИМ.

Студенти во редици чекаат да запалат свеќи за покој на загинатите во пожарот, да положат цвеќе и да остават пари за поддршка на семејствата во кутиите за донации пред Филозофскиот факултет. Донираните средства ќе бидат предадени на Црвениот крст. Пред Правниот факултет, пак, е отворена Книга на жалост.

Вакви собири напладне ќе се одржуваат и во наредните четири дена.

Претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски соопшти дека утре ќе се одржи на кампусот на техничките факултети, в среда на ПМФ, во четврток пред Педагошкиот факултет, а за петок ќе биде организиран марш низ Скопје или студентите и сите заинтересирани граѓани ќе се упатат кон Кочани.


Обраќањата на Ангелова и Јаневска накратко беа прекинати за да биде интервениграно со итна медицинска помош на студенти на кои им се слошило.


Фото: Вангел Тануровски 

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали

Четворица повредени пренесени во болница во Литванија

Четворица повредени пренесени во болница во Литванија

Уапсен и Горан Трајковски Штраус, поранешниот директор на ДПИ

Уапсен и Горан Трајковски Штраус, поранешниот директор на ДПИ

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

За утре закажан протест во Скопје

За утре закажан протест во Скопје

Каменувана куќата на градоначалникот Папазов

Каменувана куќата на градоначалникот Папазов

Бектеши пред суд, Максути во притвор

Бектеши пред суд, Максути во притвор