26 Април, 2024
0.0275

Заем од Дојче банка ги стопи девизните резерви за еден месец

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

За 162 милиони евра се намалија девизните резерви на Македонија за еден месец. Во јануари вкупните резерви што ги чува Народната банка изнесуваат три милијарди и сто милиони евра, што што е за над 160 милиони помалку во однос на состојбата на крајот на 2019 година. Резервите ги спласнаа обврските на државата односно потребата Министерството за финансии да врати стар кредит. Станува збор за отплата на синдицираниот заем од Дојче Банка издаден со гаранција од Светската банка (ПБГ), но дел од парите од резервите се искористени и за плаќање на каматите на евроообврзниците. Од Народната банка велат дека сепак, девизните резерви се во сигурна зона. 

„Трансакциите за сметка на државата беа основниот фактор којшто го предизвика намалувањето на девизните резерви1, додека валутните и ценовните промени, како и промените на цената на златото придонесоа за пораст на девизните резерви, но значително послабо. Останатите текови имаа незначително влијание врз промените кај девизните резерви во анализираниот период, потврдуваат од Народната банка.

Инаку заемот кај Дојче банка со гаранција од Светса банка беше земен во јануари 2013 година. Во то авреме министер за финансии беше Зоран Ставрески, а заемот вреден 250 милиони евра беше за да се финансираат буџетските потреби за таа година.  Неколку банки доставиле понуди за финансирање, а Дојче банк е избрана зашто имала најповолна понуда што овозможува задолжување по значително пониска каматна стапка.

Заемот е во износ од 250 милиони евра, со гаранција од Светска банка во износ од 155 милиони евра. Рокот на отплата беше седум години и на две рати - првата во износ од 95 милиони евра беше платена по пет години, а втората во износ од 155 милиони евра по седум години од денот на повлекување на средствата, односно јануари 2020 година. 

Годинава се предвидува ново задолжување од 600 милиони евра, а годинава, во 2021, 2023 и 2025 година доспеваат за отплата еврообврзници во вкупна вредност од една милијарда и 628 милиони евра.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина