Заев - Борисов: Бугарија и Македонија планираат да го прошират и модернизираат граничниот премин Станке Лисичково
Објавено во: Македонија, Балкан 02 Август, 2018
Бугарија и Македонија планираат да го прошират и модернизираат граничниот премин Станке Лисичково, изјави премиерот Бојко Борисов во Благоевград за време на официјалната церемонија по повод Илинденското востание, јави БГНЕС.
„Генерации на политичари беа подготвени и успешни. Минатата година го потпишавме Договорот за соседство. Ние не верувавме, но ние го потпишавме. Нешто што не доведе до контроверзност. Минатата година отидовме заедно на гробот на Гоце Делчев во Скопје, заедно бевме во Рим. Покажавме огромна, но и тивка дипломатија. Тука сакам да им честитам и на колегите Заев и Ципрас, кои дојдоа до решение на еден децениски спор“- вели Борисов.
Тој изрази задоволство од новиот дух на соработка, кој е веќе цврсто втемелен во односите меѓу Бугарија и Република Македонија, по потпишувањето на договорот. Според неговите зборови, веќе постојат позитивни ефекти врз трговијата и патувањето меѓу двете земји. Борисов се состана со македонскиот премиер Зоран Заев во четири очи. Со него е разговарано за состојбата на граничните премини меѓу Бугарија и Република Македонија, можностите за подобрување на нивната работа и за отворање на нови.
фото БГНЕС