03 Мај, 2024
0.0345

Заев, Анѓушев и Бејли на камен-темелник на „Дура“

Објавено во: Економија 16 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Осумнаесет милиони евра е почетната инвестиција на американската  компанија „Дура аутомотив системс“ во фабриката во Бунарџик, чија изградба почна денеска во присуство на владини претставници, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Во новиот капацитет што треба да стартува со работа во средината на следната година за 10 години се планираат вложувања од 38 милиони евра и 500 работни места.

Во фабриката, на површина од 16.000 метри квадратни, ќе се произведуваат екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили.

Мајк Бекет, потпретседател на „Дура“ истакна дека во изборот за Македонија да биде локација за нивниот нов производен капацитет одлучувачки биле способноста на работната сила, поддршката, ангажманот на македонската Влада, како и добрата инфраструктура.

– Во споредба со останатите избори, Скопје има севкупна супериорна оценка и е најдобра по однос на способност на работната сила, ангажман од страна на Владата и веројатно за успешен процес на работа- рече Бекет.

Претставувајќи го работењето на „Дура“, Бекет потенцира дека од неколку технолошки центри во Јужна и Северна Америка и Европа „Дура“ развива целосни системи и модели за водечки производители во автомобилската индустрија како „Ауди“, „Фолксваген“…

Според премиерот Зоран Заев, почетокот на изградбата на фабриката на „Дуру“ е показател дека Македонија сериозно се позиционира како стабилна и долгорочна дестинација за инвеститорите.

– Неодамнешната покана за членство во НАТО, почетокот на преговори со ЕУ ќе резултираат со уште поголема доверба и нови инвеститори- рече Заев, потенцирајќи дека членството во НАТО ќе обезбеди сигурност за инвестициите и нивно зголемување во Македонија по примерот на останатите држави како Бугарија и Естонија каде вкупното учество на инвестициите од околу седум проценти во БДП по членството во Алијансата се зголемило на 19,8 проценти, односно 13,5 проценти.

Како што нагласи вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, капацитетот на „Дура“ е деветта американска инвестиција во државава кои овозможуваат 9.500 вработувања.

– Во Република Македонија сме горди што 40 проценти од капиталот во зоните е од САД- рече Анѓушев, оценувајќи дека изборот на „Дура“ за влез на македонскиот пазар е доказ дека Владата има транспарентна и конкурентна политика за инвеститорите.

Првата средба со претставниците на американската компанија се одржала во февруари, а пет месеци подоцна и почнува реализацијата на нивната инвестиција, забележа Анѓушев, најавувајќи завршување на изградбата на фабриката на крајот на годинава, а средината на следната почнува со работа.

Фабриката во Македонија е 37. инвестиција на „Дура“ во светот и 16-та во Европа. Компанијата „Дура“, со седиште во Мичиген, е основана во 1914 година и вработува повеќе од 9.400 лица во 14 земји во светот.

Во фабриката, на површина од 16.000 метри квадратни, ќе се произведуваат екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија