04 Мај, 2024
0.0247

Заев бара разбирање за квотите за увоз на челик

Објавено во: Економија 26 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Воведувањето квоти за увоз на челик да не биде демотивирачко за домашните компании е пораката на премиерот Заев кој упати охрабрувачки пораки за одлуката ана ЕУ.

Како што кажа премиерот во одговор на новинарско прашање Фокусот на Владата останува комплетно насочен кон поддршка на компаниите и не е потребна паника.

-Станува збор за просекот од трите последни години, зголемен за пет проценти. Проблемот е што сега е квота и компаниите генерално се плашат една од друга некој да не го зафати делот и на другите компании и ние тука може да менаџираме. И секеко, им стоиме на располагање, да им бидеме сервис. Имаме и дополнителна квота, таа глобалната, која доколку било која земја не ја искористи ние да можеме дополнително да ја искористиме. Проблемот е што преку квотите, не може да се исполнат оние амбициозни планови, што се направени од страна на компаниите, а кои се многу поголеми од просекот од трите претходни години. Тука е проблемот. Но, верувам дека ако овие планови имаат тенденции, и сакам да ги охрабрам да продолжат со своите планови, секој пат ќе се изнајдат решенија, рече Заев потенцирајќи дека Македонија блеска во очите на ЕУ  и  оти секој пат разбирање мора да имаме.

-На ова работеше потпретседателот Кочо Анѓушев, работеше вицепремиерот Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши и лично разговарав со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер. Сите заедно работиме на оваа тема и нашата амбасада во Брисел е целосно посветена, а имаат дел од компаниите и адвокатски тимови. Помина и делот на инспекциски контроли од страна на ЕУ кон компаниите дома и верувам дека на крајот сето тоа не смее да остане демотивирачки за самите компаниите. Така што стотици милиони или 200 милиони евра штети, што се споменуваа, апсолутно не се точни, но секако сме будни и остануваме со поддршка на компаниите и со намера да бидат охрабрени и да продолжат со имплементација на своите планови за 2019 година, рече премиерот, пренесе МИА.


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?