Заев бара роднините на функционерите кои се вработија да се повлечат?
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави дека премиерот Зоран Заев ќе побара од сите роднини на функционери на СДСМ кои изминатиов период беа вработени во државни институции и компании да се повлечат од местата.
„За блиски роднини и пријатели кои се вработени, морам да кажам дека тоа не се наши вредности. Ние правиме анализа, и за тоа ние немавме информација. На барање на примиерот, тој бара сите тие да се повлечат. Излеговме од еден сиsтем со такви вредности каде имашe партиски вработувања и ние се бориме да го промениме тој систем и да го смениме таквиот начин на размилсување. Ние признаваме дека имаме притисок и од наши членови дека тие очекуваат да бидат вработени во државни институции и некои успеале“, рече Манчевски.
Власта деновиве трпи сериозни критики поради ваквите вработувања.