Заев даде коментар за оставката на Петар Атанасов
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2019
Премиерот Зоран Заев на прашањето во интервју на Сител, како ја коментира оставката на Петар Атанасов само еден ден по објавената реконструкција на Владата, рече тоа за него тоа се лични ставови.
Заев рече дека му е жал поради тоа што Атанасов на ваков начин си поднел оставка, и истакна дека тоа го сторил поради тоа што не бил назначен за министер за образование.
„Тој неколкукратно доаѓаше кај мене и бараше да стане министер за образование. Велеше ако не ми дадете да бидам министер ќе си дадам оставка. Океј, секој не може да биде министер, некојпат и околностите се такви некој да не може да биде министер“ – рече Заев.
Петар Атанасов поднесе оставка од местото заменик министер за образование. Тој со јавно писмо се обрати до премиерот Заев, а си поднесе оставка поради неможност да ги оствари најавените реформи.