26 Април, 2024
0.0306

Заев денеска на средба со Орбан, Земан, Брнабиќ...

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Шефот на македонската Влада, Зоран Заев, денеска во еднодневна работна посета на Прага, Република Чешка, каде ќе учествува на Самитот на Вишеградската група и Западен Балкан.

Премиерите на Вишеградската група и земјите од Западен Балкан ќе се сретнат на Самитот во Прага. Тие беа поканети во Прашкиот замок од страна на премиерот Андреј Бабиш. Според Кабинетот на Владата, состанокот треба да ја зајакне соработката помеѓу двата региона и да се разговара и за прашањата на Европската унија и за заштитата на климата.

Програмата во Прага ќе започне со утринската сесија на претставници на Вишеград, на која присуствуваат премиерите на Словачка Петер Пелегрини, Унгарија Виктор Орбан и Полска Матеуш Моравјецки. Подоцна ќе се приклучат и претставниците на балканските влади.

Покрај Заев, од регионот ќе учествуваат уште и премиерите на Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина. Меѓу гостите првично беше и вицепремиерот на Косово, но како одговор на изјавите на чешкиот претседател Милош Земан дека „ја сака Србија, но не и Косово“, се повлече од Самитот во прага.

Средбата во Прага треба да ја зајакне соработката меѓу двата региона, за што Чешката Република си ја постави целта во своето сегашно претседателство со Вишеградската група.



Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби