Заев до неодлучните за референдумот: Нема резервна варијанта, се друго не е вредно за размислување
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2018
„Сите високи гости кои беа овде во изминатите денови, на многу внимателен јазик кажаа дека се тука за нас, некои ни кажаа дека клучот од портите на НАТО и ЕУ се кај нас.
Видовме за 27 години сѐ, и подеми и падови, и среќа и несреќа, но сите видовме дека не чекориме со темпо кое го посакуваме.
Сите знаеме дека токму ние ја носиме одлуката за иднината на нашата земја, и дека нашето место е во европскиот свет.
До сите неодлучени граѓани праќам порака:
Немојте да мислите дека има резервна варијанта. Не. Јас направив се што можев. Ветивме референдум ете го референдумот. Само преку одлука на граѓаните ќе имаме обезбедена иднина, алтернатива нема, се друго е бездна, кањон, се друго не е вредно за размислување.
За сериозни одлуки се презема акција, не се седи дома и не се бараат изговори оти се работи за иднината .
Ќе ја биде само ако излеземе сите , сплотени, единствени, за единствена Европска Македонија.-посочи премиерот Заев обраќајки се пред насобраните граѓани.