fake panerai watches ЗАЕВ И БЕСИМИ ЌЕ КАЖАТ КОЛКУ ТЕЖИ БУЏЕТОТ ЗА ИДНАТА ГОДИНА - Владата ја скроила државната каса
02 Мај, 2024
0.0288

ЗАЕВ И БЕСИМИ ЌЕ КАЖАТ КОЛКУ ТЕЖИ БУЏЕТОТ ЗА ИДНАТА ГОДИНА - Владата ја скроила државната каса

Објавено во: Финансии 11 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата на Република Северна Македонија синоќа го утврдила Предлог-буџетот на земјава за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021. Од Владата соопштуваат дека буџетот ќе биде доставен во Собранието и деновиве ќе биде детално презентиран пред јавноста. 

Владата во соопштението не кажува колку ќе тежи буџетот за идната година. Тоа веројатно ќе го кажат премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, кои за денеска токму на тема буџет најаваија прес конференција за 14 часот.

Од Владата само соопштија дека ја разгледале и усвоиле Информацијата за реализација на мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД-19 периодот и го разгледа и го усвои Извештајот на Kомисијата за оцена на пријавите на деловните субјекти, задолжувајќи го Министерството за економија да склучи договори со одобрените компании согласно Извештајот.

Вкупно 17, 2 милиони евра, средства кои се дел од третиот пакет мерки, наменети за опоравување на домашната економија за време на здравствено-економската криза ќе ги добијат 400 компании, со цел амортизирање на ударот врз домашните погодени бизниси преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда, директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и работните места. 

Висината на финансиската поддршка е 25 % од реализираната инвестиција според инвестицискиот план, но не повеќе од: 

40.000 евра во денарска противвредност, за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, не повисок од 1.000.000 евра во денарска противвредност;
100.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 1.000.001 евра до 10.000.000. евра во денарска противвредност;
140.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра во денарска противвредност;
200.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 10.000.001 евра, повеќе од 50.000.000 евра во денарска противвредност.
Детални информации за доделувањето на финансиската помош ќе бидат презентирани во јавноста од претставници на Владата во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот