19 Мај, 2024
0.0283

Заев и Борисов денеска домаќини на Берлинскиот процес

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и премиерот на Македонија, Зоран Заев, денеска попладне ќе бидат домаќин на Самитот на Берлинскиот процес  преку видео конференција. 

Самитот во Софија е на седмо високо ниво од создавањето на формата во 2014 година досега, но во исто време е прва од ваков вид. За прв пат во историјата на Берлинскиот процес постои заедничко домаќинство помеѓу земја-членка на Европската унија и земја од Западен Балкан.

„Македонската делегација на Самитот ја предводи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Со Самитот, кој заради пандемијата со КОВИД-19 ќе се одржи преку видео конференциска врска ќе претседаваат премиерите Заев и Борисов, а свои обраќања ќе имаат канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, на чија иницијатива започна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ.

На пленарната сесија на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес се очекува да земат учество лидерите на земјите од Западен Балкан како и заменик-претседателот на Европската комисија Борел и еврокомесарот за соседство и проширување Вархеји“, соопштија од македонската Влада.

Заев и Борисов виртуелно од Софија ќе ги пречекаат и другите учесници на средбата преку интернет, меѓу кои се и водачите на земјите од Берлинскиот процес, претставници на европските институции и други заинтересирани меѓународни и регионални организации како што е Регионалниот совет соработка, ЦЕФТА, ОЕЦД, Европската инвестициска банка, Банката за обнова и развој, Светска банка и Регионалниот центар за младинска соработка (RYCO). 

„Бугарија ја прифати одговорноста оваа година да биде ко-домаќин на процесот заедно со Македонија, како природно продолжение на напорите на државата за време на подготовката и одржувањето на претседателството со Советот на ЕУ за поддршка на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан и за постигнување на стабилност, мир и просперитет во регионот“, соопштија од владата на Бугарија.

За време на самитот, учесниците ќе разгледаат што е постигнато минатата година и да се дојде до консензус за тоа што е важно за регионот и неговата европска перспектива. Клучен успех на заедничкото домаќинство н е подготовка на двете декларации - за заеднички регионален пазар и за зелената агенда со силна поддршка од Европската комисија, 

Повеќе акти според нормите и стандардите на ЕУ се очекува да бидат потпишани преку Интернет во рамките на самитот во Софија од страна на лидерите на земјите од Западен Балкан.

Лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес во Софија ќе заврши со заеднички изјави за медиумите напремиерите Заев и Борисов, заедно со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел. Поради ограниченото време на лидерите, на изјавите не се предвидени новинарски прашања. Изјавите се предвидени да започнат околу 12:45 часот.

Берлинскиот процес за Западен Балкан е покрената политичко-дипломатска иницијатива лично од германската канцеларка Ангела Меркел во август 2014 година. Учесници во процесот се земјите од Западен Балкан - Албанија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, како и земјите Германија, Австрија, Франција, Италија, Хрватска, Словенија, Велика Британија, Полска, Грција и Бугарија.

Идејата на Берлинскиот процес е да го надополни и поддржи процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан. Активноста на процесот е насочена во три главни насоки: економски развој и поврзаност; помирување и добрососедски односи; како ибезбедност во регионот.

Поентата на 
иницијативата е да се создадат поволни услови за оптимизирање на регионалното соработка преку иницијативи и проекти, чии резултати имаат вистинско и видливо влијание за економската безбедност и стабилност и приближување на земјите од Западен Балкан кон нормите и стандардите на ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама