07 Мај, 2024
0.0262

Заев: Иванов нема да има време за да аболицира

Објавено во: Македонија 11 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов нема да има време кога да ги аболицира осудените за „27 април“. Ваквиот коментар на шефот на Владата следува откако од пред една недела од Кабинетот на претседателот потврдија дека адвокати на осудените поднеле барање за помилување.

- Членот 11 од законот за помилување не постои, постапките кои се водат преку министерството за правда не може да се водат за време на избори, тие може да стигнат кај Иванов од 7 мај, а тој е до 12 мај - рече Заев.

Тој додаде дека не очекува тоа да го стори ниту кандидатот за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, доколку победи на претседателските избори, затоа што, како што вели Заев, ветила дека нема да аболицира никого.

За судбината на СЈО вели дека предметите „се живи“ и дека тие се распределени по судии и обвинители. Од последната средба со опозицијата за законот за јавно обвинителство договорено е состаноците да продолжат 

- „Бомбите“ како докази се предвидени во самиот закон, но мора да има и материјални докази.  Преговорите течат, мора да има решение ако се мисли на државата. Тој закон е важен заради правосудните реформи и европската интеграција - вели Заев.

За судбината на „бомбите“ кои мора да се уништат вели дека системот е таков и дека одлуки се носат со двотретинско мнозинство во Собранието.

- Фантастични очекувања кои не се реални, самиот систем е таков што за тоа се носи одлука со двотретинско мнозинство. Еден дел одлулчиле за мене да гласаат и имам 49 пратеници, но има и опозиција со која треба да се најде компромис.  Договорено е уште во Пржино да бидат 18 месеци користени. Преку 70 итсто од разговорите се приватни. Јас ги предадов комплетно сите. Објавував разговори во кои има само криминал. Не сум ниту судија, ниту обвинител.  Секоја истрага за која има и индиции треба да заврши со докази, не може да има сомничење без докази и да има одлука за тоа. Јас само сакам да му дадам правец и иднина на СЈО зошто има изграден капацитет - изјави премиерот.


Можеби ќе ве интересира

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот