02 Мај, 2024
0.0335

Заев ја пресече лентата за новата компанија, најави потреба од инвестиции и поволна деловна клима

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Заев денеска заедно со амбасадорот на САД, Џес Бејли, потпретседател на операциите на фабриката Адиент, Владимир Теплик и директорот на Дирекцијата за странски инвестиции Виктор Мизо ја пресече лентата на новата фабрика во ТИРЗ Струмица

„Отворањето на американската фабрика Адиент, којашто почна да се гради пред доаѓањето на новата Влада, овде во технолошко индустриската развојна зона во Струмица. Проектот го почна претходната Влада, како градоначалник тогаш дадов поддршка на овој проект и го поздравив. Еве, денеска ја имам честа да присуствувам на неговото свечено отворање, да го поздравам да ја понудам целосната поддршка моја и на новата Влада во нејзината перспектива која што проектира овде за струмичкиот регион и за нашата Македонија. Оваа странска, американска инвестиција отвора работни места и поради тоа е од огромно значење на граѓаните на нашата земја. Инвеститорот ќе остварува приход и профит. Граѓани на Македонија ќе бидат вработени. А државата ќе наплаќа данок. Сето тоа е добро и корисно за сите и тука сум да испратам порака дека ние, како сериозна и одговорна Влада го поддржуваме овој значаен проект“, рече Заев.

Оттаму Заев посочи дека Македонија има потреба од инвестиции и поради тоа ќе посветат големо внимание на развивањето поволна деловна клима во државата. 

Тој се пофали дека општината со која донеодамна управуваше е првата општина во Југоисточна Европа којашто доби Меѓународен сертификат за поволно деловно опкружување пред 5 години и дека Струмица има најдобри практики за транспарентно работење а тоа е докажано со невработеноста во овој дел каде е на ниско ниво.

Заев потенцираше дека исполнувањето на а условите за ЕУ и НАТО, ќе ја постави Македонија меѓу државите стабилни за инвестирање а тоа ќе биде охрабрување за странските инвеститори, вистински, квалитетни, модерни, развиени компании како оваа, да вложуваат во Македонија, но и дека ќе биде охрабрување и за домашните фирми.

Премиерот посочи и дека Владата ќе насочи голема државна помош и кон домашните фирми.

„Таа конкуренција на економскиот пазар помеѓу фирмите, ќе стимулира квалитет во работењето, ќе поттикнува конструктивна конкуренција во обезбедувањето подобри услови за работа во Македонија, поголема грижа за работниците, повисоки плати.

На овој начин ќе обезбедиме поволна деловна клима во целата држава“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија