19 Мај, 2024
0.0304

Заев: Ќе успееме на референдумот и покрај одложениот Датум за преговори

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев истакна дека Македонија ќе ги испорача потребните резултати на референдумот за да успее договорот од Преспа помеѓу Скопје и Атина и покрај тоа што добиениот Датум за преговори со ЕУ не важи од оваа година, туку од 2019-та доколку се спроведат потребните реформи во правосудството и борбата со корупцијата и организираниот криминал. 

„Ќе останам силно посветен до крај. Со сите аргументи кои ми стојат на располагање ќе докажувам и презентирам дека Договорот со Грција е историски, и дека датумот за почеток на преговори е добро заслужен и ќе биде ефектуиран во јуни 2019 година.

Противниците се оние политички фактори во земјата кои, без никаква аргументација, ги негираат придобивките и сакаат да се вратат на авторитарните политики во време кога мнозинството граѓани во нашата земја и во земјите од Западниот Балкан сакаат да им се приклучат на ЕУ и НАТО. ЕУ го понуди вистинскиот импулс со прецизна и единствено можна одлука - датум за почеток на преговори со Република Македонија.

Со сета моја мотивација, останувам цврсто и целосно посветен да го докажам фактот дека овој Договор со Грција го решава нашиот најголем проблем кој го спречуваше нашиот развој уште од независноста.

Добивме кристално чиста потврда за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Македонци, Македонско, дома и надвор. Преводливо, без никакви ограничувања, на сите светски јазици. Идентитет за севкупна употреба. Оние политички фактори кои не можат ова да го видат создаваат нови поделби. На Република Македонија тоа веќе не ѝ е потребно. Треба да се обединиме околу оваа нова историска можност. Верувам во тоа, и ќе ги инвестирам сиот свој политички интегритет и енергија. Знам дека ќе успееме, Македонија беше и ќе биде успешна, а граѓаните ќе добијат многу од овој успех“, вели Заев.

Тој додаде дека во просек на една земја и се потребни седум години за да ги имплементира поглавјата и да биде примена во ЕУ откако ќе добие Датум за преговори. Смета дека договорот од Грција нема да се изјалови кај нашиот јужен сосед, иако таму во моментов според анкетата, поголема доверба кај граѓаните има опозицијата отколку власта.

„Фактот што опозициите во обете земји се против Договорот покажува дека сме постигнале добар компромис меѓу народите на двете земји. Граѓаните на Република Македонија добија целосно признавање на македонскиот идентитет на сите полиња, а граѓаните на Грција добија признавање на елинистичкото наследство од античкиот дел на историјата.

Политичките партии од обете земји имаа шанси да го решат овој спор со децении, но не сторија ништо. Напротив, само ги засилуваа разликите. Сега, соочени со фактот дека решение е можно и дека тоа решение е еднакво прифатливо за двете страни, тие одбраа да се противат, наместо да прифатат дека ова е единствениот начин за двете земји да тргнат напред“, вели Заев


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево