20 Декември, 2025
0.0657

ЗАЕВ: Листите на ВМРО-ДПМНЕ се огледало на криминалот, насилството и несовесноста

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2016 11:49

Добивај вести на Viber

Во врска со доставените носители на листи од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, пренесуваме писмена изјава за медиумите од претседателот на СДСМ, Зоран Заев:

„Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од обвинетиот поранешен премиер, се огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста, беззаконието, на што се изложени граѓаните на Македонија изминативе 10 години.

Овие луѓе кои украдоа над 5 милијарди евра пари на граѓаните и ги ставија на свои сметки во странство, не ја бараат вашата доверба за подобро да живеете - туку за да продожат да крадат и да се богатат.

Овие луѓе, кои нарачуваа шамари, бркаа од работа и рекетираа фирми, не ја бараат вашата доверба за да ве заштитат, туку за да се изживуваат врз вашите животи, со што го хранат своето его.

Овие луѓе, кои принудија над 626.312 луѓе, меѓу нив и ваши деца, да заминат во странство, а вас ве оставија во солзи, немаат намера да ни ги вратат младите во Македонија, туку имаат само еден сон, да владеат.

Овие исти луѓе кои 10 години ви ги кршеа соништата не смеат повеќе да владеат.

Да ги запреме. Да не ни ги уништуваат домовите и децата.

На 11 декември да избереме живот, живот за сите нас во Република Македонија.“

Можеби ќе ве интересира

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него