26 Април, 2024
0.0360

Заев: Минималната плата ја зголемивме за 5.500 денари

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Сиромаштијата е една од најтешките состојби за било кое општество. Вие граѓаните најдобро знаете дека не само зборот, туку и делата за искоренување на сиромаштијата се нашиот секојдневен мотив. И не само на Светскиот ден на борбата против сиромаштијата, туку секој ден. И не само заради социјалдемократските вредности, туку заради човечноста. Ова го изјави премиерот Зоран Заев по повод Светскиот ден за борба против сиромаштијата.

„Делата во изминативе години ги насочивме кон подигнување на животниот стадард и намалување на трошоците за граѓаните а со тоа и стапката на сиромаштијата. 
Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, односно дури за 5.500 денари повеќе од минимумот кој дотогаш го примаа текстилците, кожарите, чевларите за својот тежок труд.
Социјалната реформа направи пресврт во начинот на кој државата се грижи за социјално-ранливите, и го подобри животот на околу 300.000 граѓани. Социјалната помош се зголеми и до 300 отсто. За три пати е зголемен опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток. Денес над 22 илјади дечиња ги користат детските мерки со што ги извлекуваме од синџирот на детската сиромаштија.
Државата не ги заборави и не ги остави на цедило и стечајците, за кои обезбедивме месечен надоместок, исто како што обезбедивме државна пензија за оние кои не ги исполнуваа условите за редовна пензија.
Низ укинување на радиодифузната такса, воведување на евтина дневна тарифа на струјата, намалување на сметките за парно, а некаде и намалување на цената на водата за пиење, влијаеме врз домашните заштеди кои се одразуваат во сиромаштијата“, вели Заев.

Тој рече дека е посветен на трајно извлекување од сиромаштија на што е можно поголем број семејства, на што работат заедно со целиот владин тим. 

„Платежни картички со износ од 6.000 денари добиваат самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари и невработените. Тоа се над 85 000 семејства кои ќе си обезедат домашни потреби“, рече Заев. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра