17 Мај, 2024
0.0309

Заев-Могерини: Убедлив и видлив е напредокот на Република Македонија за само една година

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска оствари средба со Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

На средбата со Могерини, на која присуствуваа и Бујар Османи, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања и Никола Димитров, министер за надворешни работи, премиерот Заев истакна дека личната посветеност и ангажираност на високите претставници на највисоките институции на ЕУ, како и институционалната поддршка од телата на Европската Унија, се е од клучно значење за поддршка на тековните напори на Владата.

Тој додаде дека огромни напори биле инвестирани од страна на Владата и од ЕУ за да се врати Република Македонија на вистинскиот пат, и да се создадат позитивни случувања после долготрајнатаполитичка криза.

„Сега е време да ги искористиме овие напори.Продолжуваме со силна посветеност и несомнена политичка волја, иако на внатрешен план имаме одредениполитички околности“, нагласи премиерот Заев.

„Очекуваме дека ЕУ ќе покаже визија и ќе обезбеди одлука за отпочнување на преговорите за пристапување во првата половина од 2018 година“, потенцираше Претседателот на Владата на РМ на средбата со Могерини во Брисел.

Премиерот Заев додаде дека примарната посветеност на Владата на РМ, е да се изгради модерна европска земја што ги дели европските вредности, со функционална демократија базирана на владеењето на правото и врз заеднички споделени основни вредности.

„Имаме аргументи да докажеме дека Република Македонија е најдобрата "успешна приказна" во 2017 година и може многу да придонесе за добрососедските односи, регионалната соработка, стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан и во Европа“, нагласи Претседателот на Владата на РМ.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ги искажа очекувањата од Стратегијата за проширување на ЕУ, најавена од страна на Претседателот на Европската комисија Јункер, и истакна дека едно од тие очекувања е отворање на можноста за секоја земја да напредува колку што е можно побрзо во процесот на пристапување врз основа на сопствените заслуги.

„Република Македонија ќе се стреми да се израмни и да влезе во групата земји предводници на процесот. Треба да бидеме во пакетот. Тоа ќе нè стабилизира за подолг рок“, потенцираше премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев истакна дека Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, во мај 2018 година, за време на бугарското претседателство со ЕУ, ќе биде јасна можност за обновување на заедничките обврскина земјите одЗападен Балкан и на ЕУ.

„Вложуваме напори за повторно воспоставување на Република Македонија како кредибилен партнер на своите меѓународни пријатели.Одлучно воспоставуваме блиски врски со што е можно повеќе земји-членки на ЕУ, како и со соседните, и со други земји. Групата пријатели и поддржувачи на Република Македонија, постојано се зголемува“, истакна премиерот Заев на средбата со Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Тој нагласи дека фокусот е да се гради нов дух во нашите односи, да се отвори дијалог за решавање на нерешаните прашања, да се изградат мостови за соработка базирани на взаемна доверба и почит, како со соседите, така и со другите земји во регионот.

„Во врска со прашањето со Грција имаме една порака: Ние сме подготвени да го решиме ова прашање. Бараме помош и поддршка како да го најдеме соодветното и одржливо решение кое ќе има поддршка во двете земји“ истакна премиерот Заев.

Од своја страна, Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини истакна дека е видливи напредокотшто го оствари Република Македонија за само една година, и дека тоа е добар знак и во однос на напредувањето на државата во евроинтеграциските процеси.

На средбта заеднички е констатирана неопходноста од соработка со опозицијата на важните стратешки прашања за земјата, и дека каналите за комуникација треба да бидат постојано отворени.

На средбата во Европската Комисија кај Могерини е нагласено дека претстојните месеци до првата половина на 2018 година се круцијални кога е во прашање процесот за отворање на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Посочено е и важноста, колку што е можно побргу, да се одржат средби на високо ниво меѓу Република Македонија и Република Грција.

Во завршницата на разговорите беше потенцирано дека новиот пакет за проширување треба да ги опфати сите земји на Западен Балкан, како знак за поддршка на стабилноста и напредокот на целиот регион.

Можеби ќе ве интересира

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања