20 Август, 2018
0.5322
    FERS 58000    -2.52%     OKTA 4211    -0.1%     SBT 2000    0%     STB 1035    0.34%     STIL 135    2.88%     TEL 277    -0.14%     TNB 14100    -0.21%     TPLF 1216    -0.33%     UNI 2360    -1.67%

Заев на Фејсбук: Зарем можеме да се правиме слепи и глуви за сѐ што Бугарија направи за Македонија?

Објавено во: Македонија 10 Август, 2018

Премиерот на Република Македонија објави статус на својот Фејсбук профил, во кој истакна дека Македонија и Бугарија негуваат искрено пријателство.

Меѓу другото, во објавата тој го истакна чевствувањето на заеднички делови од историјата, како и за залагањето на премиерот Борисов и министерката Захариева за Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

Целиот статус можете да го прочитате во продолжение: 

„Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народи градиме ИСКРЕНО пријателство и соработка.

Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени.

Ние повеќе од една година чествуваме заеднички делови од историјата меѓу двата народи, неколку пати заедно одбележуваме историски настани. Јас сум првиот премиер на Македонија што во Бугарија (Благоевград) се поклони пред споменикот на Гоце Делчев при заедничкото одбележување на празникот. Претходно мојот пријател, господинот Борисов, беше прв бугарски премиер кој се поклони пред гробот на Гоце Делчев во Македонија (Скопје) при заедничкото одбележување на празникот. Заедно двајцата претседатели на влади се поклонивме и пред споменикот на Цар Самоил во Софија. Заедно во Рим, во Ватикан оваа година ги славевме Светите браќа Кирил и Методиј, заедничките сесловенски просветители. Премиерот Борисов дојде во Скопје специјално да се поклони пред споменикот на Холокаустот на Евреите.

Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство.

Зарем можеме да заборавиме како премиерот Борисов и министерката Захариева се бореа за Македонија во Министерскиот Совет на ЕУ и во Советот на Европа, за Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ? Се бореа како што се борат за својата земја.

Зарем можеме да се правиме слепи и глуви кога гледаме и слушаме сѐ што Бугарија направи и успеа во тоа да ѝ помогне на Македонија за добивање на поканата за членство во НАТО? Зарем цела Европа не виде како Бугарија помага за Македонија и Западниот Балкан да се приближат кон Европската Унија?

Никогаш нема да го заборавиме тоа пријателство кое е докажано на дело. Ние сме благодарни и многу го почитуваме тоа. Затоа заедно ќе го славиме и чествуваме нашето минато и на темелите на тоа минато ќе продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина. Заедно ќе бидеме како едно семејство во заедништво со сојузниците од Европската Унија и НАТО“.


Можеби ќе ве интересира

„Бомби“ и денес ќе одекнуваат во Кривичен суд

„Бомби“ и денес ќе одекнуваат во Кривичен суд

Каква временска прогноза ни носи првиот работен ден

Каква временска прогноза ни носи првиот работен ден

КРИЗА ЈА „ТРЕСЕ“ ТУРЦИЈА: Дали тоа ги загрижува македонските туристи кои ја одбрале оваа дестинација?

КРИЗА ЈА „ТРЕСЕ“ ТУРЦИЈА: Дали тоа ги загрижува македонските туристи кои ја одбрале оваа дестинација?

Пратениците денес се враќаат на работа

Пратениците денес се враќаат на работа

ГУЖВА НА ТАБАНОВЦЕ: Еве колку се чека за влез во Македонија

ГУЖВА НА ТАБАНОВЦЕ: Еве колку се чека за влез во Македонија

„Не низ Водно“: Битката за Водно не е изгубена

„Не низ Водно“: Битката за Водно не е изгубена

КОБНА НЕСРЕЌА: Излетал од патот, удрил во бетонска ограда и починал на лице место

КОБНА НЕСРЕЌА: Излетал од патот, удрил во бетонска ограда и починал на лице место

Камион прегази жена во Прилеп

Камион прегази жена во Прилеп

ДУИ ја повика дијаспората да излезе на референдум

ДУИ ја повика дијаспората да излезе на референдум