Заев на обвинителна клупа за „Поткуп“
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2016
Во Основниот суд Скопје 1 денеска ќе се одржи првото рочиште за случајот „Поткуп“, предмет во кој е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев за наводно побаран поткуп од струмички бизнисмен за приватизација на земјиште.
Според Обвинителството, во својство на градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, или по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица. Николов бил заинтересиран земјиштето да го приватизира. Половина од парите, како што стои во обвинението, требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во градот.