ЗАЕВ НА ПАТ КОН БУГАРИЈА: Седумте спасени патници се во болница во Софија
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Премиерот Зоран Заев
рано утринава веднаш тргнал кон Бугарија, откако бил информиран за големата
трагедија од страна на неговиот бугарски колега, Стефан Јанев.
-Прво, би сакал да изразам сочувство до роднините на жртвите. Пред неколку минути бугарскиот премиер Стефан Јанев ме информираше за големата трагедија на автопатот Струма кај Бошнек. Таму излетал автобус со македонски регистарски таблички и се случила трагедија. Во него патувале 53 патници, 46 починале, а 7 се пренесени во болница и пренесени во Софија. Побарав од премиерот навремено да ме информира за причините за инцидентот. Македонските служби - министерствата за внатрешни работи и за здравство се известени, а претпладне ќе испратат екипи да помогнат. Прво треба да се потврди од каде возел автобусот, но веројатно е дека внатре патувале граѓани од Македонија штом имал таква регистрација. Згрозен сум од трагедијата, жал ми е за инцидентот. Им благодарам на бугарските власти, кои прават се за да ги заштитат животите на преживеаните. Ќе бидеме многу благодарни за истрагата на оваа трагедија“, рече Заев.
Поради тешката сообраќајна несреќа на 31-от километар од автопатот Струма во правец од Софија кон Благоевград, автопатот ќе остане затворен во текот на целиот ден, барем во правец на Благоевград. Во 1996 година имаше и автобуска несреќа, загинаа 16 луѓе, тогаш немаше автопат.
ИЗВОР: БГНЕС