26 Април, 2024
0.0304

Заев на средба со 40 бизнисмени

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber


Премиерот Зоран Заев оствари работна средба со 40 бизнисмени од Албанија кои се заинтересирани да инвестираат во различни области во Македонија, а при тоа им порача дека двете земји же бидат поврзани железнички, како и тоа дека овдешните институции имаат доверба во албанските кога станува збор за проверките на квалитетот и здравјето на производите.

„Работиме на подготовката на барање на инвестиции и можности за железнички да се поврзуваме, буквално од пристаништето во Драч кон нашиот граничен премин преку железничка пруга од Кичево, која што сакаме да ја градиме, да доаѓа до Скопје, кон Софија и кон Црното море во Бугарија и Истанбул, со што комплетно би го отвориле Коридорот 8. Работиме на сериозни проекти кои што се инвестиции во патната инфраструктура и ќе помогнат многу во збогатување на инфраструктурната поврзаност со патишта меѓу двете држави. Имаме надеж дека некаде кон крајот на март или почетокот на април ќе го отвориме и првиот One Stop Shop помеѓу Албанија и Република Северна Македонија, каде што ќе го преполовиме времето на чекање на камионите, на стоките, па и на патниците. Тоа ќе значи дека во една канцеларија со една иста Царина ќе можат да се завршат сите документации кои што се важни за самиот проток на стоки, што се случува помеѓу нашите две земји“, истакна премиерот Заев.

Заедно со Заев беше и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Бардул Даути, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот  за економија, Крешник Бектеши и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и советничката за земјоделство на ПВРСМ, Ленче Николовска.

„За нас е важно да знаете дека генерираме голема доверба кон албанските институции, затоа што акредитираните институции кои што ги имаме, како што се за храна, ветеринарство и други институции, штом се добри за граѓаните на Албанија, се добри и за нас. Нема потреба да правиме дополонителна проверка тука. Ако одредена институција од Албанија направила проверка на одредени производи, тоа за нас е конечно, за да не чекаат стоките и побрзо да поминуваат при влез во Република Северна Македонија. Се надевам и обратно ќе се случува тоа во делот на Албанија“, додаде Заев.

Претседателот на Стопанската комора на Тирана, Николин Јака во своето обраќање се заблагодари на премиерот Заев за можноста да ги споделат позитивните примери од Албанија и за досегашната работа на Владата, која со договорот од Преспа обезбеди стабилност во државата, но и за спроведување на Законот за јазиците, со што се зголемува потенцијалот за соработка меѓу двете држави и ја истакна потребата за заедничко делување во зголемување на производството, утврдување на комплементарните сектори, како планинскиот туризам во Северна Македонија и морскиот туризам во Албанија, елиминирање на сите бариери и создавање на клима на соработка и меѓусебна доверба.

„Се соочуваме со стареење на народот, имаме феномен на отселување на младите  лица од нашите земји и тоа оди на штета на нашата земја, на економијата и на човечкиот капитал. Економијата е генератор на развојот на државата, затоа треба да го зголемиме нашето производство, да ги видиме кои се комплементарните сектори и да изготвиме стратешки план за претприемништво и стабилна економија за сите земји од Балканскиот регион, преку уште една развојна платформа за трите земји, Албанија, Косово и Северна Македонија. Постојат многу работи кои не поврзуваат за да имаме комплементарна економија со која ќе ги отстраниме дефицитите и многубројните пречки во Балканскиот регион и надвор од него“, рече претседателот на Стопанската комора на Тирана, Николин Јака.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра