06 Мај, 2024
0.0254

Заев на средби со Борисов и Радев - се очекува заздравување на односите

Објавено во: Македонија, Балкан 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска e во официјална посета на Бугарија, каде ќе се сретне со бугарскиот премиер, Бојко Борисов и претседателот на Бугарија,  Румен Радев.

Заев кажа дека од Софија, која на 1 јануари 2018 година ќе го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ, се очекува добра соработка и поддршка за евроатлантските амбиции на нашата земја. Според него посетата на соседните земји, како и на европската престолнина Брисел, зборува за засилени активности за забрзување на движењето на Македонија за полноправно членство во НАТО и ЕУ со помош на пријателите од ЕУ и соседните земји.

Средбата на Заев и Борисов, како што јави известувачот на МИА, ќе се одржи во зградата на Министерскиот совет. Покрај тет-а-тет средбата на двајцата премиери, предвидени се и пленарни разговори на делегациите во чиј состав од македонска страна се и вицепремиерот Османи, министрите за надворешни работи Никола Димитров, за транспорт и врски Горан Сугарески и за култура, Робeрт Алаѓозовски. Во бугарската делегација, пак, ќе бидат и вицепремиерот и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, како и министрите за култура и за транспорт и информациски технологии и комуникации, Боил Банов и Иваило Московски.

За време на посетата, Заев ќе има средба и со претседателот на Собранието на Бугарија Димитар Главчев.

Покрај политичкиот дел, во рамки на официјалната посета, Заев утре во Софија ќе има и повеќе економски средби меѓу кои и со бугарската министерка за енергетика на Теменушка Петкова, на која ќе присуствува и министерот Сугарески.

Предвидени се и одделни средби меѓу министрите од Република Македонија и нивните колеги од Бугарија

По изборот на новата македонска Влада,  Борисов изјави дека Софија и Скопје ќе работат за заздравувањето на добрососедските односи и за приближувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО. Тој вели дека Македонија нема поголем пријател од него кога е во прашање НАТО. 

Целта на посетата на Бугарија, како што изјави вчера вицепремеирот Бујар Османи, кој е дел од владината делегација, е во насока на отстранување на пречките на патот на евроинтеграциите. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА УТРЕ НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА УТРЕ НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето