26 Април, 2024
0.0283

Заев: Над 70 илјади деца во Македонија ќе добиваат помош од државата

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска е Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата. Мораме да го прекинеме кругот на сиромаштијата, кој се пренесува од генерација во генерација меѓу најранливите семејства. Поради тоа, дополнителни 11 илјади домаќинства ќе добиваат гарантирана социјална помош, покрај постојните 26 илјади домаќинства, кои веќе имаат право на овој надоместок.

Семејствата со деца и со ниски приходи ќе добиваат полесен пристап до Детскиот додаток. Очекуваме бројот на деца кои ќе го користат ова право да биде над 70 илјади, за разлика од само 3.200 деца кои сега имаат право на Детски додаток.

Раниот детски развој е клучен и во него мораме да инвестираме на време и со поголем опфат на семејства, зашто тоа не може да се надомести подоцна во текот на животот.
Најранливите категории на деца ќе добијат можност да се вклучат во установите за згрижување и воспитание – овие капацитети ги зголемуваме со инвестиција од 16 милиони евра и поддршка од Светската банка.

Образовниот додаток од 2019 година ќе можат да го добиваат и основците и очекуваме да го користат над 60.000 деца.

Ова се некои од нашите одговори за излез од кругот на сиромаштијата. Ова се инвестиции во човечкиот развој бидејќи секое дете ни е важно, бидејќи секој човек ни е важен.

Тука не запираме и одиме понатаму, отворени за соработка со иницијативите на заедниците.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина